Македонскиот вицепрвак Алкалоид денеска ги започна подготовките за сезоната (2023/2024).
Тренерот на тимот и актуелен македонски селектор Кирил Лазаров на првата прозивка им ги пренесе плановите на своите избраници.
Алкалоид ќе започне во Скопје, а потоа екипата ќе оди на базични подготовки во Маврово.
Во вториот дел, од средината на август ќе следат првите контролни натпревари, Најнапред од 16 до 20 август, Алкалоид ќе игра на струшкиот турнир. По него се заминува за Хрватска. Таму ќе бидат одиграни контролни натпревари со екипите на Нексе, ППД Загреб, Сесвете и со словенечката Добова.
Тимот кој минатата сезона имаше деби во Суперлигашката конкуренција, а заврши на второто место, годинава ќе има уште еден голем предизвик.
Покрај натпреварите во домашното првенство, Алкалоид ќе игра и во групната фаза на ЕХФ Европската лига. Во неа, избраниците на Лазаров за противници ќе ги имаат: данскиот Бјерингбро Силкеборг, шпанската Ла Риоха и новосадска Војводина.
Во домашното првенство „фармацевтите“ ќе играат во А групата против: Струга, Куманово, Тиквеш, Скопје, Еурофарм Пелистер 2, Аеродром и Охрид.
Иако изминатиот период на македонскиот ракометен „пазар“, останатите клубови промовираа нови играчи, засега од таборот на Алкалоид без такви информации.