Уште една победа во сезоната за холандскиот Ф1 пилот на (Ред Бул), Макс Верстапен. Тој славеше и на унгарското гран-при што се возеше во Хунгароринг.
Во уште една соло трка и со сигурно возење Макс дојде до 44-тата победа во кариерата, вкупно деветта во сезоната. Така само се зацврсти на врвот на табелата кај возачите и е блиску до одбрана на шампионската титула која за него ќе биде трета по ред.
Втор заврши на крајот Ландо Норис од (Мекларен) кој исто така имаше одличен викенд. За место на подиумот се избори Перез од Ред Бул кој ги издржа налетите на Пиастри (Мекларен) и Хамилтон (Мерцедес).
Иако Хамилтон ја имаше пол-позицијата, сепак уште на првата кривина беше поминат од Верстапен и Норис.
Најдобрата 10-ка на оваа трка и возачите кои освоија бодови ја комплетираа: Расел (Мерцедес), Леклерк (Ферари), Саинц (Ферари) и Алонсо и Строл од Алфа Ромео.
Мак Верстапен исто така го имаше и најбрзиот извозен круг на патеката и со тоа си освои уште еден бод.
Со оваа победа, вкупно 12-та по ред, Ред Бул постави нов рекорд по бројот на победи на еден тим по ред.
Во пласманот кај возачите Верстапен е прв со 281 бода, пред Перез со 171, Алонсо 139, Хамилтон 133 бода.
Следната трка ќе се вози веќе следната недела. На програмата е 12-тата трка во шампионатот во Белгија на легендарната Спа.
What happened to the trophy? Norris smashed it 😅
📸: @F1#F1 #HungarianGPpic.twitter.com/VA7Dc4qfGZ
— MultiViewer (@f1multiviewer) July 23, 2023