Канаѓанката, Софија Паска е новото име во редовите на ЖКК Бадел, информираат од клубот.
Станува збор за искусна кошаркарка која со своите 193 сантиметри ги покрива позициите 4 и 5.
За 27-годишната Паска, Бадел ќе биде четврти европски клуб. Канаѓанката која кариерата ја започнала на Универзитетот Рајерсон, веќе има настапувано во два ирски и еден дански клуб.
„Навистина сум возбудена за оваа можност да играм за Бадел 1862! Подготвена сум да учам од големите тренери на овој клуб и да играм со многу талентираните девојки во тимот. Никогаш порано не сум била во Македонија, но нестрплива сум да ја запознам културата, традициите и да истражувам различни области на земјата. Со нетрпение очекувам да се сретнам со сите наскоро и да почнам да работам за да му помогнам на тимот да има успешна сезона“, истакна Паска за веб страната на клубот.
Таа е второ засилување за Бадел, откако во клубот се врати Теа Митрева која играше за МЗТ Скопје Аеродром