Британскиот Ф1 пилот Луис Хамилтон за прв пат оваа сезона ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Унгарија на патеката ,,Хунгароринг,,.
Квалификациите беа навистина возбудливи. Се до последната кривина не се знаеше кој ќе биде најбрз и кој ќе стартува утре од првото место на унгарското гран-при.
Сепак на крајот седумкратниот шампион Хамилтон се избори за пол-позицијата со време од 1:16:609. Прва оваа сезона за него и за тимот на Мерцедес, вкупно 104-та во неговата кариера.
Веднаш до него ќе биде лидерот Макс Верстапен од Ред Бул кој имаше само три илјадити делови од секундата послабо време од Хамилтон.
Повторно изненадување направи тимот на Мекларен кои ги завземаа третото и четврттото место во имињата на Норис и Пиастри.
По првиот ред следуваат, новото изненадување ЖУ од Алфа Ромео, па Ботас, Леклерк, Алонсо, Перез и Хулкенберг.
Ова е одлична најава за утрешната трка каде сигурно ќе гледаме голема борба помеѓу Мерцедес, Ред Бул и Мекларен.
Трката за Големата награда на Унгарија ќе се вози утре со почеток од 17.часот.
Feel the emotions, feel the pride 🥹@LewisHamilton was absolutely ecstatic after taking a record 9th pole at the Hungaroring 👊#HungarianGP #F1 pic.twitter.com/CUimI3lM5V
— Formula 1 (@F1) July 22, 2023
Не очекуваат интересни квалификации во Унгарија, Хамилтон најбрз на третиот тренинг