Македонските екипи денес ги играат реванш дуелите од квалификациите во Лигата на конференции. Македонија Ѓорче Петров гостува кај РФС Рига, Шкупи на арената Тодор Проески ја дочекува екипата на Хегелман, додека тетовска Шкендија гостува кај Хаверфордвест.

Екипата на Македонија Ѓорче Петров со почеток од 17:30 часот ќе има невозможна мисија. Избраниците на тренерот Симов ќе имаа за задача да ја надокнадат негативата од еден гол од првиот натпревар. РФС Рига се смета за голем фаворит на овој натпревар, но во фудбалот знаат да се случат и чуда.

Чаирчани уште на првиот натпревар ја наполнија мрежата на Хегелман и имаат висока предност од 5:0. Со почеток од 21:00 часот пред своите симпатизери ќе треба рутински да го одиграат овој натпревар и да ја зачуваат високата предност. Иако повеќе од половина работа им е завршена, сепак мораат да се максимално фокусирани на натпреварот.

Тетовска Шкендија носи предност од еден гол од првиот натпревар кој што се одигра во Скопје. Тетовчани беа подоминантни но немаа среќа за втор погодок. Вечерва со почеток од 20:45 часот ќе се обидат да ја оправдаат фаворитската улога и да ја задржат предноста која што ја стекнаа на првиот натпревар.

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА (1 коло – реванш)
17:30  РФС РИГА – МАКЕДОНИЈА ЃП
20:45  ХАВЕРФОРДВЕСТ – ШКЕНДИЈА
21:00  ШКУПИ – ХЕГЕЛМАН