Откако вчера го имаа првиот собир во Битола, ракометарите на Еурофарм Пелистер од денеска се во Маврово.
Таму ќе бидат одработени базичните подготовки за новата, долга и напорна сезона, што ги очекува битолчани.
Една од дилемите кај зелено-белите е разрешена. македонското репрезентативно трио, Пешевски, Тенковски и Костески ќе имаат и дополнителна улога. Искусниот Жарко Пешески ќе ја преземе капитенската лента, која до ланската сезона ја носеше Мирко Радови.
Негови заменици ќе бидат бекот Марио Танкоски и крилото Ненад Костески.
Како што најави тренерот Јовиќ, тимот ќе се заснова на млади македонски ракометари потпомогнати со неколкумина странци кои ќе треба да го понесат товарот.
Задачата нема да биде ни малку лесна, бидејќи пелистерци ги чека битка на најмалку на три фронта. Покрај обврските до домашниот куп и првенство, тие ќе играат и во елитната Лига на шампиони.
Останува дилемата. Дали зелено-белите ќе имаат и обврска во СЕХА лигата. Тоа ќе зависи само од условот истата да опстане!?