Веќе неколку сезони наназад Барселона има големи проблеми со ангажирање и трансфери на играчи.

како што пренесуваат шпанските медиуми, Барселона не може да регистрира нови играчи додека не го подмири долгот од 60 милиони евра.

Каталонскиот клуб и летово се најде во проблем. До 31 август мора да се расчисти, ако сака навивачите да ги видат Илкај Гундоган, Иниго Мартинез, Ориол Ромеу (потпишаа) и Серхио Роберто.

Претседателот Жоан Лапорта, кој вчера го промовираше Гундоган , не го ни споменува тој проблем. Минатото лето успеа да врати долг од речиси 900 милиони евра, па многу полесно ќе ја плати оваа сума.

Промени во буџетот веќе се случија, но тоа не е доволно.

Некои играчи ќе мора да бидат продадени за сума повисока од 60 милиони евра. Тоа ќе овозможи Гундоган нормално да ја добива големата плата.

Сезоната во Ла Лига започнува на 11 август, а навивачите се надеваат дека на 13 август на мечот со Хетафе ќе можат да видат новите засилувања на теренот.