Победничката на Вимблдон Маркета Вондрушова очекувано направи голем скок на најновата ВТА листа.

Чешката тенисерка која пред Гренд-слемот во Лондон беше на 42-то место, сега е десетто рангирана.

А, Ига Швјонтек и натаму е на лидерското место на ВТА листата. Таа сега има 9.315 бодови, или помалку од 500 бодови повеќе од второпласираната Арина Сабаленка.

Полската тенисерка го заврши Вимблдон во четврт-финалето и реално сценарио беше дека ќе го загуби тронот по повеќе од една година. Но, тоа не се случи бидејќи Белорусинката Сабаленка беше запрена во полуфиналето.

Веднаш зад нив двајца се: Елена Рибакина, Јесика Пегула, Каролине Гарсија, Унс Жабер, Коко Гуф, а сега Петра Квитова е осма додека Марија Сакари девета пред вимблдонската победничка  Вондорушова.