Освојувачот на Купот, екипата на Македонија Ѓорче Петров утре ќе го одигра првиот натпревар во квалификациите за Конференциската лига.

Противник на „лавовите“ е летонскиот тим РФС Рига, кој на хартија ваши за фаворит смета тренерот на Ѓорчепетровци, Горан Симов.

„Иако противникот ја има улогата на благ фаворит, ние секогаш играме за да победиме. Имавме добри подготовки и сметам дека мојот тим подготвен го чека утрешниот натпревар. Се надевам на победа со која ќе ги задржиме шансите, по реваншот да се избориме за следната рунда. Им посакам среќа на сите македонски претставници во Европа, за што поуспешни резултати ова лето“, изјави Симов.

Натпреварот меѓу Македонија ЃП и РФС Рига ќе се игра на теренот „Петар Милошевски“ крај  ФФМ во терминот од 17:30 часот, а првиот од трите кои утре ги играат македонските претставници во ова натпреварување.

По овој ќе следува натпреварот на Шкупи, кој гостува во Литванија кај составот на Хегелман во терминот од 19 часот, а потоа на арената „Тодор Проевски“ во Скопје од 20 часот својот натпревар ќе го почнат фудбалерите на Шкендија кои се среќаваат со Хавервордвест од Велс.