Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски постигна голема победа откако во мечот од првото коло на Челинџерот 100, во романскиот град Јаши.

Во мечот траеше 3 часа и 7 минути, Калин го победи домашниот тенисер Николас Давид Јонел со 2-1 во сетови (4-6, 7-6(4) и 6-2) притоа успеа да спаси две меч топки во вториот сет.

Во следното коло Ивановски ќе игра против уште еден романски тенисер Филип Кристиан Јиану (21 година, 312 место на АТП листата).

Во првиот сет беше изедначено до 2:2 во гемови кога Јонел успеа да направи брејк и поведе со 5:2.

Сепак Ивановски успеа да направи брејк и да намали 5:4. Во 10.тиот гем Ивановски беше на сервис, но Јонел повторно направи брејк за 6:4.

Ивановски од четири брејк шанси искористи само една, а Јонел имаше 2/2 за водство од 1:0 во сетови.

Во вториот сет повторно беше без брејк до осмиот гем кога сервираше Ивановски и при водство од 4:3 Романецот направи брејк и поведе со 5:3. Ивановски во следниот гем направи ри-брејк за 5:4 за противникот. Во 10.тиот гем македонскиот тенисер успеа да спаси и две меч топки и тука го навести пресвртот, откако изедначи на 5:5. Сепак вториот сет беше решен во тај-брекот кој му припадна на Ивановски со 7:4 на поени.

Во овој период по 11 гем во вториот сет медицинска помош бараше Јонел, а во третиот сет и Ивановски.

Во решавачкиот сет првите четири гема беа со одземен сервис на противникот и резултат од 2:2, со тоа што Јонел водеше со 2:1, а Ивановски со целосна контрола направи серија од пет гема и го доби сетот со 6:2 и мечот со 2:1 во сетови откако ја искористи третата меч топка.

Неговиот следен противник Јиану го победи седмиот носител Енцо Куаку од Франција со 2-0 во сетови (62 61). Мечот е утре повторно во вечерниот термин не пред 18 часот по македонско време на Централниот терен.