Американскиот тенисер Кристофер Јубанкс направи големо изненадување елиминирајќи го 5-носител Стефанос Циципас во осминафиналето на Вимблдон.
За сензацијата да биде дополнително поголема, 43-то рангираниот на АТП листата Јубанкс тоа го направи со голем пресврт. Американецот во два наврати имаше негатива, откако ги загуби првиот и третиот сет (на два пати со 3-6), па вториот и четвртиот ги доби со (7-6 и 6-4) се избори за петти сет.
Во решавачкиот Американецот стартуваше со брејк, кој Гркот го врати во шестиот гем за (3-3), но веќе во наредниот повторно го загуби својот сервис, со што му овозможи на Јубанкс да го добие сетот 6-4, а мечот со 3:2.
27-годишнот Американец во своето прво четврт-финале во Лондон за противник ќе го има третиот носител Данил Медведев кој денеска одигра само два сета во мечот со Чехот, Јири Лехечка.
Последниот четвртфинален пар кај мажите ќе го дознаеме по одигрувањето на мечевите меѓу (1-носител) Карлос Алкараз (Шпанија) и Италијанецот, Матео Беретини, односно (5) Холгер Руне од Данска кој за противник го има Бугаринот, Димитров Г. (21)
Eubanks the entertainer 🇺🇸@chris_eubanks96 takes down No.5 seed Stefanos Tsitsipas in five sets to reach the QF on #Wimbledon debut pic.twitter.com/1U9cHr67v1
— Wimbledon (@Wimbledon) July 10, 2023