Американката Медисон Киејс се пласира во четвртфиналето на Гренд-слемот Вимблдон.

(25-носителка) Кејс место меѓу осумте најдобри на не официјалното светско тениско првенство, обезбеди по трите одиграни сета во дуелот со сензационалната 16-годишна Русинка, Мира Андреева.

Во мечот што траеше над два часа, првиот сет и припадна на младата Русинка со 6-3, а вториот имаше и предност од се до 4-2, кога искусната Американка направи бреј и се избори за теј-брејкот кој го доби со 7-4 на поени. Во решавачкиот трет сет искуството на Кејс дојде до израз па со два брејка во вториот и осмиот гем, Американката го дови сетот со 6-2, а мечот со конечни 2:1.

Кејс во четвртфиналето ќе игра со победничката од денешниот дуел меѓу 2-та носителка Арина Сабаленка од Белорусија и (21) Екатерина Александрова од Русија.