Новото раководство на ФК Вардар предводено од навивачката група „Комити“, а претставувано од Милорад Миленковски денеска на средба со медиумите информираше за новата акција, чија цел е спас на клубот. 

Купениот сезонски билет во вредност од 1.000 денари, до некаде само ќе ја ублажи лошата финансисти состојба во која се наоѓа најтрофејниот македонски клуб. Потребно е ангажирање и разбирање и од институциите, бизнис заедницата, поединци и искрени поддржувачи на Вардар. 

Ова на кратко е поентата на излагањето на Миленковски кој информира за тековните преговори со неколку јавни претпријатија на кои клубот им е должник, а според изнесеното станува збор за сума од 2.8 милиони евра (2.4 милиони од ерата на Сергеј Самсоненко и дополнителни 400.000 евра од последниот „сопственик“ Слободан Крстевски). 

Дел од долговите полека се расчистуваат, а со најавената акција вардарци се надеваат дека ќе обезбедат околу половина милион евра, што секако значително ќе олесни понатамошната работа на клубот. 

Во продолжение целата прес конференција на ФК Вардар.