Нејмар повторно е во центарот на вниманието сега не поради шпекулации за трансфер или познатите забави кои ги имаше фудбалерот, туку поради казната од три милиони евра што ја доби од властите во Бразил.
Имено, асот на ПСЖ без дозвола изградил вештачко езеро на својот имот во Мангаратиба, но и ги прекршил прописите за заштита на животната средина, поради што е казнет со 16 милиони реали (три милиони евра).
Нејмар ќе има право на жалба 10 дена, но тешко дека ќе може да објасни како без дозвола изградил вештачко езеро, а исто така без дозвола го променил природниот тек на реката, како и уништувајќи ја вегетацијата која не била дел од сопственоста. Бразилските медиуми истакнуваат дека обвинителството во Мангаратиба го обвинило за повеќе од 10 прекршоци.
Инспекциите во Бразил најпрвин добиле неколку пријави, а кога излегле на терен нашле работници на имотот на Нејмар кои уредуваат вештачко езеро и плажа.