Женската екипа на Кузман Вардар следната сезона нема да учествува во Супер лигата.
Раководството на Кузман Вардар решило да се фокусираат на младите и да вложат во младинските конкуренции. Тие претходната сезона завршија на последното место во плеј-аутот со нула бодови.
Од следната натпреварувачка сезона во женската Супер лига ќе играат 15 екипи, нов е тимот на Металург Автокоманда.
Следната сезона во Супер лигата ќе играат осум скопски тима а седум од внатрешноста на Македонија. Екипите пријавени за следната сезона се: Вардар, Металург, Спартак, Скопје, Металург Автокоманда, Ѓорче Петров, Чаир, Овче Поле СУ, Деспина, Стружанка, Шампион, Астибо, Гевгелија, Пелистер и Куманово.
Ивона Кимовска