ЖРК Вардар во следната сезона нема да игра на Европскиот Куп, откако раководството на клубот донесе одлука да не го пријави тимот.
Црвено-црните, иако завршија на четвртото место на табелата минатата сезона и си обезбедија место во европските купови, одлучија дека финансиите што требаа да бидат наменети за тоа ќе бидат искористени за формирање на пионерски тим. Пионерскиот тим ќе биде составен од девојки родени во 2008 година.
За работа со оваа екипа ќе биде ангажирана Даниела Новеска, која беше дел од Кометал Ѓорче Петров и поранешна репрезентативка на Македонија.
Новеска ги бранеше репрезентативните бои на Европското првенство во Македонија во 2008 година, кога го освоија седмото место.
Во тек се уписите во школата на ЖРК Вардар и ќе се направи селекција. Целта е ЖРК Вардар да создаде екипа која ќе се натпреварува во пионерската лига на Македонија.
Ивона Кимовска