Иако беше доведен во прашање нејзиниот настап на неофицијалното светско тениско првенство, како го нарекуваат Вимблдон, сепак најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек лесно ја мина првата рунда.
Полската тенисерка за само 81 минута го доби мечот од првото коло против Жу Лин од Кина играјќи само два сета. Во првиот сет Швјонтек на продавачката и препушти само еден гем (6-1), а во вториот два повеќе (6-3).
Швјонтек важи за ТОП фаворитка за освојување на трофејот, заедно со Арина Сабаленка и минатогодишната победничка на Вимблдон, Елена Рибакина.
Од досега завршените мечеви од денешната програма, пласман во второто коло од носителките обезбедија и Американката, Џесика Пегула (4-то рангирана) која со 6-2, 6-7 и 6-3 ја победи сонародничката Дејвис, како и 5-татат Каролин Гарсија од Франција која со 6-4 и 6-3 ја елиминира Американката, Кејти Волинец.