Легендарната четирикратна победничка на Вимблдон, Венус Вилијамс не се прослави при нејзиниот „кам-бек“ во Лондон. Американка која доби вајлд-карта, го заврши својот настап на неофицијалното светско тениско првенство уште по првиот меч.
За тоа се погрижи Јелина Свитолина. Украинката која неодамна стана мајка, на на Роланд Гарос покажа дека се враќа во својата препознатлива форма, во два сета ја доби Американката со 6:4, 6:3 и се пласира во втората рунда.
настапот на Вимблдон, уште по првиот меч заврши за седмата носителка Коко Гауф која во три сета беше елиминирана со сонародничката Софија Кенин со 6-4, 4-6 и 6-2.