Младите германски ракометари станаа светски шампиони во конкуренција на играчи до 21 година.
„Панцерите“ стигнаа до светското злато пред својата публика во Берлин, откако во финалето на Мундијалот ја совладаа Унгарија со резултат 30:23.
Јустус Фишер и Елиас Шолц со по шест гола ги предводеа Германците до голем триумф. Во унгарскиот тим беше Емре Бенце со пет гола.
Третото место на планетарното првенство го освои Исланд, кој претходно денеска во битката за бронза ја совлада српската репрезентација со 27:23.
Следен голем настан на младинската машка сцена е Светското првенство за ракометари до 19 години што од 2 до 13 август ќе се одржи во Хрватска, а на кое ќе настапи и репрезентацијата на Македонија.