Продолжува трендот на трансфери во Саудиска Арабија. По неколку големи имиња кога станува збор за активни фудбалери, најново име кое продолжува во С.Арабија е и поранешниот капитен на Ливерпул, а сега тренер, Стивен Џерард.

За нас особено интересен е овој ангажман за Џерард затоа што од наредната сезона, ќе биде тренер на тимот на Етифак, каде настапува македонскиот репрезентативец, Дарко Велковски.

Младиот стратег иако имаше неколку понуди од Европа, сепак реши да ја прифати понудата од Саудиска Арабија која е значително подобра финансиски.

Во досегашната тренерска кариера, Џерард работеше во младинските категории на Ливерпул, за да потоа биде прв тренер на Глазгов Ренџерс и Астон Вила, што беше и негов последен тренерски ангажман.

Останува да видиме дали Дарко Велковски ќе остане во тимот на Етифак, и доколку остане како ќе се одвива неговата соработка со Џерард, ако се знае дека нашиот репрезентативец не се наигра изминатата сезона.