Црногорскиот кошаркарски селектор Дејан Радоњиќ нема да се врати во Будуќност, пренесува „ РТЦГ “.
Радоњиќ имал долги и сериозни преговори со челниците на подгоричкиот клуб, но на крајот ја одбил понудата.
Како што дознава „РТЦГ“, меѓу другото, тоа се должи на револтот на навивачите на Будуќности, изразен во претходните недели со навредливи графити против него, кои се појавија на неколку фасади во Подгорица.
Будуќност секако се обидува да подготви посериозен проект за следната сезона со оглед на тоа што обезбедија подобар буџет, а на новиот тренер би можеле да му ветат и поконкурентен тим.