Реал Мадрид соопшти дека по заминувањето на Карим Бензема има нов капитен. Тоа е Начо Фернандез, кој беше заменик капитен на Французинот кој замина за Саудиска Арабија.
Назначени се и замениците на Начо за претстојната сезона. Ги има вкупно четворица. Втор капитен ќе биде Лука Модриќ, трет Дани Карвахал, а четврти Германецот, Тони Крос.
Начо е „дете“ на Реал и целиот свој живот го помина во „кралскиот клуб”. Кога пристигна имаше само 11 години, а за првиот тим е приврзан од сезоната 2010/2011.
Новиот капитен во „кралскиот дрес“ дебитираше во Примера на 23 април 2011 година, на дуелот против Валенсија на Местаља. Одигра вкупно 319 официјални натпревари за Реал. Освои 21 трофеј, вклучувајќи четири Примера и пет Лига на шампиони.