Поразите од Украина во Скопје 2-3 и Англија во Манчестеr 0-7 ја чинеа фудбалската репрезентација на Македонија пад од три (3) позиции на најновата ФИФА ранг-листа.
Сега најдобрата македонска фудбалска репрезентација е на 68-то место на ранг-листата на ФИФА.
Од нашите противници во евро-квалификациите. Англичаните направија прогрес од едно место и сега тие се четврти, а Белгија е петта.
Италија која играше на завршниот турнир во Лигата на нациите и го освои третото место, останува на 8-мата позиција на ФИФА лигата. Украина натпреваруваше за две места и сега е на 24-тото, додека очекувано најслабо рангирана во нашата конкуренција е репрезентацијата на Mалта која е дури на 172-место.
На првите три места и на најновото рангирање на ФИФА, остануваат Аргентина, Франција и Бразил, а по Англија и Белгија, во Топ 10 следуваат: Хрватска, Холандија, Италија, Португалија и Шпанија.
Следниот предизвик за македонските фудбалери е во септември месец кога на 9-ти во Скопје ја пречекуваат Италија, а три дена подоцна (12-ти) и гостуваат на Малта.