Упорноста обично се исплати. Таков е случајот на Манчестер Јунајтед кој три пати беше одбиен од Челзи за трансферот на Мејсон Маунт. Сепак, четвртиот обид со 60 милиони фунти (55+5 бонуси) за обештетување, беше прифатен од лондонскиот тим.

Во понеделник Маунт ќе замине во Манчестер на лекарски прегледи за да потпише петгодишен договор вреден, а како што се шпекулира, со месечна плата од 270.000 фунти.

Јунајтед конечно го доби првото засилување за следната сезона каде повторно ќе игра во Лигата на шампионите.

Досега „црвените ѓаволи“ ги загубија трките со конкуренцијата, но не се откажаа од Маунт и тоа им се исплатеше.

Доведувањето на крилениот напаѓач ќе отвори многу повеќе напаѓачки опции за Јунајтед, а Маркус Рашфорд сигурно ќе се пресели во „срцето“ на нападот.