Со дуелот против ППД Загреб, на домашен терен во Битола, македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер ќе ја започне сезоната во елитната Лига на шампиони.

Откако претпладнево ги дозна противниците, пелистерци сега го знаат и распоредот по кој ќе ги играат натпреварите.

Првиот домашен меч против реномираните екипи, Еурофарм Пелистер ќе го игра на крајот на септември кога во Битола ќе гостува германскиот Кил, по што следува гостувањето кај ПСЖ.

Целта секако ќе биде да се избегнат последните две место во силната конкуренција, а со тоа да се обезбеди пласман во разигрувањето, односно осминафиналната рунда, што ќе го продолжи настапот на Еурофарм Пелистер најмалку до почетокот на април месец следната година.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ НА ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР:

13 септември Еурофарм Пелистер – Колштад        22-31
20 септември Алборг – Еурофарм Пелистер          38-23
28 септември Еурофарм Пелистер – Кил               20-23
12 октомври   ПСЖ – Еурофарм Пелистер              31-26
18 октомври   ППД Загреб – Еурофарм Пелистер   27-18
25 октомври   Еурофарм Пелистер – Киелце          21-24
15октомври    ПИК Сегед – Еурофарм Пелистер     34-26
22.11.2023     Еурофарм Пелистер – ПИК Сегед     18.45 часот
30.11.2023     Киелце – Еурофарм Пелистер          20.45 часот
07.12.2024     Еурофарм Пелистер – ППД Загреб   18.45 часот
14.02.2024     Еурофарм Пелистер – ПСЖ              18.45 часот
22.02.2024     Кил – Еурофарм Пелистер                18.45 часот
28.02.2024     Еурофарм Пелистер – Алборг           20.45 часот
06.03.2024     Колштад – Еурофарм Пелистер         18.45 часот

27-28 март 2024     осминафинале (прв натпревар)
03-04 април 2024   осминафинале (втор натпревар)
24-25 април 2024   четвртфинале (прв натпревар)
01-02 мај 2024       четвртфинале (втор натпревар)
08-09 јуни 2024     „Фајнап-фор“ турнир во Келн