Повеќе извори вечерва пренесоа дека останува само Лукас Ернандез да ги помине лекарските прегледи и да го потпише договорот со францускиот шампион ПСЖ.

Баерн Минхен имаше мал избор, Лукас влегуваше во последната година од договорот и одби да потпише нов, па беше продаден за да не си замине без отштета.

Се шпекулира дека токму поради ова ќе оди на „попуст“ за сума меѓу 35 и 40 милиони евра, што навистина не е голема бројка ако се земе предвид денешниот пазар.

Меѓутоа, Лукас не е толку добредојден во Париз. Имено, неговиот татко Жан Франсоа играше за Олимпик Марсеј, најголемиот ривал на парижаните.

„Ултрасите“ на ПСЖ наводно му порачале на Лукас дека не е добредојден и дека не заборавиле како ја прослави титулата во Лигата на шампионите кога ПСЖ го освои финалето.

Лукас пристигна во Баерн летото 2019 година од Атлетико Мадрид за рекордни 80 милиони евра, одигра 107 натпревари, ги освои сите можни трофеи, но сега одлучи дека е најдобро да се врати во татковината.

Но, кој знае што го чека таму, бидејќи потекнува од семејството на лут ривал…