Откако неодамна заврши финалната серија во АБА лигата, а Партизан ја освои шампионската титула совладувајќи ја Црвена Звезда, и обзбеди пласман во евролигата.

Деновите топ тема со соседна Србија, е дали и црвено-белите ќе игра во Евролигата? Се чини дека приказната доби конечен епилог.

Како што пренесува стпскиот Телеграф, Црвена Звезда и следната сезона ќе продолжи да настапува во елитното натпреварување.

Клубот од „мал Калемегдан“ преку „вајлд-карта“ лани обезбеди учество во идната сезона во Евролигата, за што плати 500.000 евра.

Останува само одлуката и официјално да ја потврди Евролигата која на 29 јуни ќе го објави списокот на учесници за наредната сезона, како што претходно соопштија.

Единствената одлука, која сè уште не е донесена, е дали Валенсија ќе остане во елитата или на нејзиното место ќе дојде Турк Телеком.