Еурофарм Пелистер информира за нов ракометар во своите редови. Српскиот репрезентативец Урош Борзаш е нов член на битолскиот клуб.

23-годишниот Борзаш кои е еден од најперспективните леви бекови на континентот, редовен учесник во европските клупски натпреварувања на ЕХФ и член на селекцијата на Србија, договори две годишна соработка со македонскиот шампион.

Тој доаѓа во Битола од Норвешка, каде во последните две сезони го носеше дресот на Елверум и редовно играше во Лигата на шампионите. Минатата сезона постигна 49 гола во четиринаесет натпревари во групниот сегмент на Лигата на шампионите за норвешкиот клуб. Борзаш е висок 198 сантиметри, а тежок 101 килограм.

Новото засилување на Еурофарм Пелистер е роден во Сента, има српско и унгарско државјанство, а негов матичен клуб е големиот Веспрем. Борзаш го носеше дресот и на Татабања, Тулуз во Франција и норвешки Елверум.

Претставувањето на Борзаш е предвидено на почетокот на подготовките на Еурофарм Пелистер во Битола.