Рафаел Рафа Бенитез повторно ќе раководи со тимот во Ла Лига, откако се согласи да ја преземе Селта Виго следната сезона.
63-годишниот тренер по долга пауза се враќа на Пиринеите, откако помина повеќе од половина деценија работејќи во Њукасл, Кина и Евертон, каде што замина на „пауза“ минатиот јануари.
Пред тоа Бенитез ги тренираше Реал, Наполи, Челзи, Интер, Ливерпул, Валенсија, Тенерифе, Осасуна, Екстрамадура и Ваљадолид, а најголемиот успех го постигна со Ливерпул од чија клупа стигна до титулата во Лигата на шампионите. Со Валенсија го освои поранешниот Куп на УЕФА, со Челзи триумфираше во Лига Европа, а неговата лична колекција на трофеи вклучува повеќе меѓународни и национални купови.
Тој беше доведен во Селта за да ги придвижи кон врвот на шпанскиот клупски фудбал, имајќи предвид дека тимот од Виго завршија на разочарувачкото 13-то место во последната сезона на Примера.