Иако веќе втор ден течат натпреварите, сепак, вечерва свечено беа отворени Европските игри чиј домаќин е полскиот град Краков.
На игрите што ќе траат до 2 јули Македонија ќе ја претставуваат 17 спортисти во 7 спорови.
Теквондиската Милијана Рељиќ и каратистот Емил Павлов ја предводеа нашата делегација како знаменосци, а покрај нив учество ќе земат и:
Анастасија Мојсовска – спортско стрелаштво
Мартин Ангелески – спортско стрелаштво
Анамарија Георгиевска – теквондо
Дејан Георгиевски – теквондо
Димитар Пејчиновски – текбол
Анѓел Петрушев – кајак
Никола Малевски – кајак
Владимир Малевски – кајак
Николовски Никола – мечување
Србиноски Петар – мечување
Дамјаноски Петар – мечување
Тодороски Матеј – мечување
Озмен Илхан Атила – бокс
Ален Рустемовски – бокс
Арјан Исени – бокс