Македонската атлетичарка Дрита Ислами поради повреда не го заврши својот настап на Европското екипно првенство во Полска.

Таа настапи во дисциплината 400 метри со пречки, но по осмата пречка падна и не ја заврши трката. Причина за падот (откажувањето) е повредата која Дрита ја влече веќе одреден период.

Самата нашата атлетичарка на својот Фејсбук профил, напиша:

Се справував со повреда на тетивата минатите 2 недели и денес се влоши, за време на трката почувствував голема болка и паднав.
Тажна сум, но добара, и едвај чекам брзо да се опоравам и повторно да се натпреварувам.
Ова е спорт и повредите се дел од него и ве прави посилни.
Ви благодарам на сите што се грижите.

На нашата атлетичарка и посакуваме брзо оправување и скоро враќање на тартанските патеки.