Репрезентацијата на Сенегал извојува победа од 4:2 во пријателскиот натпревар против Бразил, кој беше одржан во Лисабон.
„Голеадата“ започна уште во 11-тата минута кога Пакета му донесе водство на Бразил од 1:0.
Сенегалците брзо дојдоа до изедначување преку Хабиб Диало и во 22-та минута резултатот беше 1:1. Без поголеми прилики заврши првиот дел.
По само 10 минути игра во второто полувреме, Сенегал дојде до предност од 3:1. Првиот гол беше дело на Маркињос, кој си постигна автогол во 52-та минута, а 3 минути подоцна (во 55-та минута) Садио Мане со прекрасен погодок ја удвои предноста на својата репрезентација.
Бразил не чекаше многу, па во 58-та минута Маркињос се искупи за грешката и намали на 2:3.
Страстите на Бразилците ги смири Мане, кој од пенал во 7-та минута од судиското продолжение (90+7) го постигна својот втор гол на натпреварот и ги постави конечните 4:2.