Љупчо Малинков повеќе не е тренер на КК Гостивар, информираа од клубот.

Кавадарчанецот кој минатата сезона го презеде кормилото на гостиварскиот тим од денеска ќе бара нова средина за работа.

Иако неколку сезони наназад гостиварци имаа големи амбиции, па дури и за највисок пласман односно освојување на шампионскиот трофеј, сепак тоа не се случи. Гостивар кој долг период беше непоразен пред своите симпатизери (10 поени на 11 натпревари), киксна во првата рунда од разигрувањето. Во четвртфиналето, иако го доби првиот дуел со Работнички со убедливи 17 разлика, сепак во следните два ги загуби, па гостиварци ја завршија сезоната.

Од КК Гостивар и кратката информација дена во текот на денот треба да биде и обелоденето ново име на тренерската позиција.

Што се однесува до Малинков, неофицијално СПОРТ+ дознава дека, Малинков е еден од главните кандидати за слободното место на „својот“ Фени Индустри, како наследник на својот сограѓанин Горан Самарџиев, кому кавадаречкиот клуб ми се заблагодари за соработката по завршувањето на сезоната.