Црвена Звезда се избори за мајсторка против Партизан во финалето на АБА лигата. Ова откако вечерва црвено-белите славеа победа со 68-56 во четвртиот натпревар.
Како и што се очекуваше, така и повој натпревар мина во голема борба. Црно-белите беа оние кои подобри започнаа, но Звезда брзо се врати во игра и првиот период го доби со 7 разлика (20-13). Во вториот период двата тима играа квалитетна одбрана. Немаше лесни позиции за кош, а како резултат на тоа беа и малиот број на поени (12-11), па на големата пауза Звезда замина со предност од 32-24.
Црвено-белите во третиот период имааи +17, за во последниот да влезат до десет поени предност 49-39. Таквата предност се покажа како решавачка па на крајот Црвена Звезда славеше со конечни 68-56 .
Решавачкиот петти натпревар, односно мајсторката ќе се игра на теренот на Партизан во четврток од 20 часот.