Кој вели дека Македонија нема таленти. Најдобар демант доаѓа од 14 годишната македонска фудбалерка Меланија Грозданова.

Иако сеуште е малолетна и има само 14 години таа го прифати првиот интернационален предизвик. Меланија потпиша договор и тоа  со германскиот тим Варбејен.

Таа претходната сезона беше дел од младинскиот тим на ЖФК Скопје. Меланија е мала, но неверојатно талентирана фудбалерка.

Таа на 12 години беше дел од кампот на Црвена Ѕвезда каде доби шанса да изигра пријателски натпревар за женскиот тим на црвено-белите. Меланија го импресионирала стручниот тим на Ѕвезда, но поради годините, не смееше да потпише професионален договор со српскиот клуб.

Меланија на 13 години ја носеше капитенската трака во женската репрезентација до 15 години, е во моментов е дел и од репрезентацијата до 17 години каде и е еден од клучните играчи во националниот тимот.

Ивона Кимовска