Актуелниот европски шампион Италија го освои 3-место на завршниот турнир во Лигата на нациите совладувајќи ја Холандија која беше домаќин со 3:2.

Италијанците поведоа рано уште во шестата минута со голот на Џанкомо Распадори, а веќе во 20-тата беше 2:0 со голот на Давиде Фратеси.

Стивен Бергвајн им даде надеж на Холанѓаните за камбек, но тоа траеше само четири минути, бидејќи Федерико Киеза ја запечати победата на Италија.

До крајот на мечот Вајналдум, само успеа да го ублажи поразот.

За Холанѓаните кои се надеваа на трофеј од овој турнир, а немаа загубено на 13 натпревари во низа на домашен терен, сега претрпеа два во низа, прво во полуфиналето до Хрватска и денеска од Италија

Вечерва за трофејот во финалниот меч ќе играат  Хрватска и Шпанија од 20:45 часот .