Додека младите македонски пливачи постигнуваат рекорди на митингот во Лариса, македонското пливање се повеќе и повеќе се „дави“. 

Виновници и алиби за долгогодишната ситуација во која се наоѓа македонското пливање има многу, но никој, ама баш, никој не наоѓа решение. 

Последната во низата небулозни ситуации во кои тоне македонското пливање е  барањето донации за настап на македонските пливачи на претстојното Светско првенство што 16 до 31 јули ќе се одржи во Фукуока, Јапонија. 

Четворицата македонски, потенцираме МАКЕДОНСКИ пливачи, Миа Блажевска Еминова, Ева Петровска, Никола Ѓуретановиќ и Андреј Стојановски кои треба да нé претставуваат на Мундијалот се доведени во ситуација да „молат“ за донации, за да ја претставуваат Македонија. 

Пливачката Федерација чија сметка години наназад е блокирана, неможе да ги обезбеди неопходните финансии за патување и престој на македонските пливачи, па преку невладина организација која бара донации и на грбот на родителите, ќе се обиде да ги испрати овие македонски спортски таленти на најголемиот пливачки настан годинава. 

Државата и оние што треба да се грижат за македонскиот спорт, уво ги заболе за тоа.

СРАМНО !!!

Во продолжение прочитајте го соопштението на Пливачката федерација на Македонија.