Англија игра одлично последните неколку години под водство на селекторот Герет Саутгејт. Тие се актуелни европ-ски вице-прваци, но и според традицијата Англичаните важат за апсолутни фаворити во утрешниот натпревар против Македонија во квалификациите за ЕП 2024-та.
На денешната прес-конференција запрашан за очекувањата на дуелот со Македонија, која Англичаните ја немаат победено на домашен терен, Саутгејт започна со зборовите.
„Тие требаше да победат пред некоја вечер со Украина. Знаеме за индивидуалните квалитети на нивните фудбалери, за играчите што играат во големи европски клубови. Како тим, функционираат добро. Беа блиску до пласман на СП, но не ја минаа Португалија во последниот натпревар. Имаат педигре, играа добро и во петокот, но не завршија како што посакуваа. Затоа ние ќе мора да се покажеме во добро светло доколку сакаме да го добиеме утрешниот натпревар“, заклучил англискиот селектор.
Тоа беше и единственото дел од прес-конференцијата на која англискиот селектор Саутгејт се осврна на македонската репрезентација, пред утрешниот меч што ќе се игра на „Олд Трафорд“ од 20.45 часот.