Македонската репрезентација поведе со 1:0 во дуелот со Сан Марино во борбата за опсатнок во Третата Европска зона од Дејвис купот што се игра во Ларнака, Кипар. Поенот за Македонија го донесе Берк Бугариќ кој со 2-0 во сетови (75 и 62) го победи Матија Мурачини за 1 час и 18 минути игра.

Првиот сет Мурачини го почна подобро и прв направи брејк и по четири гема имаше водство од 3:1. Сепак во следните два гема Бугариќ успеа да направи и еден брејк и изедначи на 3:3. Нашиот тенисер го освои и деветтиот гем на сервис на ривалот за водство од 5:4, но Мурачини возврати со ри-брејк. Но, и во следниот гем тенисерот што сервираше (Мурачини) не го реализираше сервисот и Македонија имаше водство од 6:5, а Бугариќ го реализираше 12.гем искористувајќи ја првата сет топка за 7:5 во гемови.

Вториот сет мина во знакот на нашиот тенисер. По брејкот на стартот и водството од 2:0, по петтиот гем беше 4:1 за Бугариќ, кој во осмиот гем на свој сервис ја искористи и првата меч топка, а сетот го освои со 6:2 во гемови.

Во вториот сингл меч играат Обрад Марковски за Македонија и Марко Де Роси за Сан Марино.