Македонската фудбалска репрезентација има предност од 2-0 по првиот дел против Украина.
На натпреварот што се игра на арената „Тодор Проевски“ македонските фудбалери доминираа во првиот дел и штета е што само два гола успеаја да постигнат црвено-жолтите.
Капитенот Енес Барди во 31-минута од пенал и донесе предност на нашата селекција, а само осум минути подоцна Ељиф Елмаз на ефектен начин зголеми на 2-0.