Капитенот на Македонската репрезентација, Стефан Ристовски говореше во пресрет на натпреварот со Украина и посочи дека доколку нашата репрезентација сака позитивен резултат со Украина, ќе треба сте да го дадат максимумот. Десниот бек на Динамо Загреб истакна дека Украина е супер-квалитетна селекција која на Европското првенство ни покажа дека имаат квалитет.

„Украина е една од селекциите која ја сметаат за „нефаворит“, ама играат одличен фудбал. Со нив игравме на Европското првенство, а покажавме две различни полувремиња. Направивме грешки кои ривалот ги казни. Ако сакаме да се надеваме на резултат на домашен терен, тогаш ќе мора да одиграме максимално и ни треба еден перфектен меч“, изјави Стефан Ристовски.