Македонија утре ја очекува тежок натпревар против Украина, втор во квалификациите за Европското првенство 2024 што ќе се одржи во Германија.
Украинците се силен противник и тоа го докажаа на контролниот натпревар против Германија пред четири дена во кој секунди ги делеа од победа, затоа ние ќе мора да го дадеме најдоброто од себе, смета селекторот Благоја Милевски.
„Го анализиравме натпреварот со Германија, па заклучок е дека ќе мора да да бидеме и повеќе од 100% подготвени.
Оние што ќе истрчаат на теренот верувајте дека ќе го дадат максимумот и повеќе од тоа.
Она што ме радува е желбата што ја имаат играчите за овие два натпревари.
Кој ќе настапи ќе видиме од нивната подготвеност“, истакна селекторот Милевски.
Натпреварот Македонија – Украина ќе се игра утре на Арената „Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 20.45 часот.