Натпреварите на Шпанија и Италија секогаш предизвикуваат големо внимание во фудбалскиот свет, безразлика во каква форма се наоѓаат репрезетанциите.
Вечерва ,,Фуријата” и ,,Аѕурите” ќе се соочат во вториот полуфинале дуел од Лигата на Нации, каде подобриот ќе се соочи со Хрватска во финалето.
Овие две селекции се соочија во истото натпреварување и пред две години, кога поуспешна беше селекцијата на Шпанија, која со 1-2 се пласираше во финалето, каде загуби од Франција.
Истото ќе претставува мотив плус кај Италијаните за одмазда и можност да играат за единствениот пехар кој им недостига.
Роберто Манчини и Луиз Дела Фуенте, селекторите на двете репрезентации ги објавија списоците на играчи на кои ќе рачунаат, а се очекува најсилните 11 и на двете страни да истрчаат на теренот.
Победникот ќе се пласира во големот финале, каде за противник ќе ја има селекцијата на Хрватска, кога синоќа ја совлада Холандија со 2:4, додека пак поразениот ќе игра за трето место
Натпреварот е со почеток од 20:45, а ќе го суди словенечкиот судија, Винчич.