Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација Златко Далиќ со гордост говореше за своите играчи, но и навивачи по пласманот во финалето на Лигата на нации, откако Хрватите ја победија Холандија со 4:2.

„Честитки за момците, покажаа како се игра и се бори за Хрватска. Ова е победа за хрватскиот народ.
Многу пати сме го поминале тоа. Ние не се откажуваме.
Тимот има карактер, квалитет и она што некои други го немаат“, истакна Далиќ по натпреварот.

Запрашан кого посакува во финалето селекторот на Хрватска одговори.

„Немам желба. Прво ќе славиме, па ќе одмориме и ќе се подготвиме.
Нам не ни е важно кој ќе дојде. Важно е каква е Хрватска. Ајде да го земеме златото што ни недостасува.
Сребро, бронза, време е за злато и да ја завршиме оваа приказна“ , заклучи Далиќ.

А, кој ќе биде противник на Хрватите во неделното финале, ќе дознаеме вечерва по мечот меѓу Италија и Шпанија што ќе се игра од 20.45 часот.