Продолжува фудбалската бајка за Златко Далиќ и хрватската репрезентација, откако ,,коцкастите” вечерва по продолженија ја совладаа Холандија со 4:2 и се пласираа во финалето на Лигата на Нации.
Работите не почнаа добро за Хрватската репрезентација, па Ковачиќ и Пашалиќ пожолтеа уште во раната фаза на натпреварот. Противникот имаше иницијатива а истата ја крунисаа во 34-тата минута кога играчот на Борусија Дортмунд, Мален со одличен удар во долниот лев агол го совлада Ливаковиќ за предност на Холанѓаните од 1-0. Истиот резултат остана и до крајот на првото полувреме.
Во вториот дел, Хрватска тргна посилно и почна да напаѓа, а во во 52-та минута, Гакпо беше преагресивен и судијата Иштван Ковач досуди пенал за ,,коцкестите”.
одговорноста ја презеде Андреј Крамариќ кој мирно по средината на голот донесе изедначување, 1-1.
Целосен пресврт и огромна радост кај хрватските играчи и навивачи донесе Марко Пашалиќ, кој во 73-тата минута на асистенција на Лука Иванушец по втор пат ја затресе противничката мрежа, за предност од 1-2.
Роман Куман, селекторот на Холандија се обиде со неколку промени да ја освежи својата екипа која тргна по изедначување. Голема шанса за тоа ја пропушти Гакпо кој во 91-та минута прокоцка одлична шанса, кога од непосредна близина шутираше непрецизно.
Она што Гакпо не успеа, го поправи Ноа Ланг, кој во самиот финиш, во 96-тата минута донесе изедначување и продолженија.
Јунак на Хрватска во продолженијата беше резервистот на Далиќ, Бруно Петковиќ, кој во 91-та минута влезе во игра, а само седум минути подоцна на асистенција на капитенот Модриќ, ја затресе противничката мрежа за предност од 2-3. Холанѓаните најдобрата прилика повторно да се вратат ја имаа преку Ланг, но неговиот удар во 110-тата минута заврши непрецизно.
Следуваше целосен распад на ,,лалињата”, па прво Лука Модриќ во 115-тата минута од пенал погоди за 2-4, а Бруно Петоковиќ во 120-тата минута втор пат ја затресе противничката мрежа. Сепак неговиот погодок беше поништен поради офасајд, на крајот со конечни 2-4, Хрватска се пласираше во финалето
Во големото финале, избраниците на Златко Далиќ за противник ќе го имаат подобриот од дуелот, Италија – Шпанија.