Новиот македонски шампион Еурофарм Пелистер и вице-првакот Алкалоид ќе бидат носители при утрешната ждрепка за новата сезона во ракометното првенство на Македонија.
Ракометната федерација денеска и официјално го објави изгледот на „шеширите“ од кои ќе бидат извлечени 16-те екипи кои ќе бидат поделени во две групи во машката Супер лига во која дебитанти ќе бидат екипите на Мулти Есенс и Аеродром.
Шешир 1: РК Еурофарм Пелистер / РК Алкалоид
Шешир 2: РК Вардар 1961 / ГРК Тиквеш 2014
Шешир 3: РК Бутел Скопје / ГРК Охрид
Шешир 4: РК Еурофарм Пелистер 2 / РК Пролет 62
Шешир 5: РК Голден АРТ КЛ7 / РК Струга
Шешир 6: РК Прилеп / МРК Куманово
Шешир 7: РК Скопје 2020 / РК Вардар Неготино
Шешир 8: РК Мулти Есенс / РК Аеродром
Извлекување на натпреварувачките броеви и групите ќе се одржи утре во просториите на Ракометната федерација со почеток од 14 часот, а ќе може да се следи ВО ЖИВО ОВДЕ