Македонската А репрезентација се подготвува за квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 против Украина на 16. јуни (петок) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Украина е квалитетен тим и нема да биде лесно, но ние сме подготвени, вели Агон Елези, кој верува дека со борбеност и дисциплина во играта, Македонија може до позитивен резултат.