Никола Јокиќ предводникот на Денвер Нагетс, се уште не размислува за НБА шампионскиот прстенот, туку само за следниот натпревар, изјави за „ESPN“.

Јокиќ и Нагетс ноќеска ги чека натпревар на кариерата, меч за историја, петтиот дуел од финалето на НБА во кој тимот на Денвер пред домашната публика има можност да го освои трофејот бидејќи води со 3-1 во победи против Мајами.

„Тоа ќе биде најтешкиот натпревар во серијата. Тие ќе играат максимално посилно од очај, но ние мора да го сториме истото, уште потешко. Двата тима мора да победат, па мораме да го имаме тој менталитет”, изјави Јокиќ во емисијата „Спортски центар“ на ЕСПН.

Запрашан за тоа што ќе му значи да го освои прстенот, популарниот „Џокер“ одговори:

„Не знам додека не победам. Имаме големи шанси да победиме, па ќе ви кажам тогаш.
Таков сум, мислам само на следниот натпревар“.

На крајот следеше логичен одговор на прашањето на новинарката дали по освојувањето на прстенот ќе купи нов коњ, што е неговото омилено хоби.

„Веројатно да, па и да загубам“, заклучи насмеаниот Јокиќ.

Првиот натпревар што на Јокиќ и Денвер може да им го донесе шампионскиот трофеј ќе се игра вечерва од 2 часот и 30 минути по полноќ, а ние ќе се погрижиме да ви овозможиме да го гледате во живо овој натпревар.

Следете нé.