Фондацијата „Марко Божиновски“ што го носи името на младиот македонски ракометар кој за жал прерано не напуши, ја продолжува традицијата. 

Имено од 15 до 17 јуни, на теренот што исто така го носи името „Марко Божиновски“, во скопската општина Аеродром, ќе се одржи второто издание на меѓународниот ракометен турнир во кадетска конкуренција. 

Овојпат интернационален учесник на турнирот ќе биде шампионот на БиХ во кадетска категорија, заедно со кадетските тимови на македонските суперлигаши, кавадаречки Тиквеш, битолски Еурофарм Пелистер и скопските екипи Алкалоид, Голден Арт и Бутел. 

Ова е само дел од активностите на фондацијата што ги одржува спомените на Марче чија прва љубов беше ракометот.