Италијанецот Франческо Бањаја е победник на шестата вонсезонски трка во Мото ГП шампионатот што се возеше за ГН на Италија на патеката Муџело. 

Бањаја, кој е актуелен светски шампион, со своето Дукати беше најбрз на денешната трка со време од 41.16.863 минути.

Тој прв ја мина целната рамнина пред Шпанецот, Хорхе Мартин од Прамак Дукати, односно неговиот клупски колега Французинот Зарко.

Повеќекратниот светски првак Марк Маркез не ја заврши трката, откако водеше битка за место на подиумот но на крајот не ја заврши трката поради пад. Слична судбина имаше и неговиот брат Алекс кој исто така падна и не ја заврши трката во Муџело.

До 10-тото место се пласираа Лука Марини, Бред Биндер, Алекс Еспаргаро, Марко Бецеки, Бастианини и Морбидели.

Па така сега во Генералниот пласман Бањаја ја зголеми предноста пред Бецеки на 21 бод. Италијанецот Бањаја има 121, сонародникот од ВР46 тимот на Дукати има 110, а Шпанецот Мартин стигна до 107 бода.

Следната трка ќе се вози веќе следниот викенд на 18 Јуни кога на програмата е Германското Гранд-при што ќе се вози во Дрезден на патеката Заксенринг.

Томислав Атанасовски